Прелиминарните резултати покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на премиерот Еди рама е во водство по парламентарните избори одржани во неделата, пренесува АП.

Врз основа на половина од пребројаните гласови, социјалистите на премиерот Еди Рама имаат 49 проценти од гласовите, по што следи централно-десничарската опозициска партија на jуjзим Баша со 39 проценти.

Сè уште не е познато дали социјалистите ќе добијат 71 место во парламентот за да владеат сами.

Околу 3,6 милиони гласачи во Албанија и во странство гласаа за 140 пратеници, кои ќе добијат мандат од четири години.

Рама се обидува да постигне трет последователен мандат и ја постави целта на кампањата како зајакнување на туризмот, енергетиката, земјоделството и дигиталните проекти.

Лидерот на опозицијата Баша вели дека ќе донесе различни промени, бидејќи тврди дека владата е корумпирана и поврзана со организираниот криминал.

Тој вети пониски даноци, повисоки плати и поголема социјална помош.

Изборите беа набудувани од 125 набудувачи од 32 земји-учеснички на ОБСЕ.