Ѕвездата на Рома и босански фудбалски репрезентативец, Един Џеко потврди дека е позитивен на Ковид 19.

Џеко преку социјалните мрежи дека нема симптоми, но во следниот период ќе мора да биде во изолација.

Здраво на сите. За жал, јас сум позитивен на КОВИД-19 и како што знаете морам да го почитувам периодот на карантин. Сакам да ги уверам сите што ме познаваат дека за среќа немам посебни симптоми. Неколку дена ќе бидам принуден да се држам настрана од соиграчите, но со умот и срцето ќе останам со нив, почнувајќи од недела. Напред Рома“, порача Рома.