Малку се оние што можат да кажат дека не го гледале новогодишниот филмски класик „Сам дома“, така што ликовите од оваа реализација ни се добро познати.

Веројатно се сеќавате на мајката на Кевин, која во првите две продолженија ја играше актерката Кетрин О’Хара.

Поминаа точно 30 години од снимањето на филмот, а оваа актерка се уште е многу популарна, но помладата популација веројатно веќе заборави дека за прв пат ја виде во „Сам дома“.

Пред неколку месеци, Кетрин ја рекреираше познатата сцена од филмот кога сфаќа дека го заборавила Кевин, но таа снимка неодамна стана актуелна на социјалните мрежи. Забележани се над 4 милиони прегледи само на ТикТок.