Што се случува во Источниот Медитеран каде односите меѓу Турција и Грција се на чекор до конфликт? Во тој регион се најдени големи нафтени наоѓалишта. Турција потпиша договор со Либија околу тие нафтени извори, а Грција со Египет и тука е основата на непријателството кое може да прерасне во сериозен конфлилт.

Сигурно е дека станува збор пред се за големите нафтени полиња. За Египет е многу важно да дојде до нив. Енергетската стратегија на Египет има за цел голем извоз на нафта. Сепак, спорот со Турција е многу, многу подлабок. Тој потекнува од воениот удар во 2013 година во Египет, кој беше насочен против тогашното владеење на Муслиманско братство, вечи Стефан Рол шеф на истражувачката група за Блискиот исток и Африка во фондацијата „Наука и политика“ во Берлин – најважниот германски тинк-тенк за меѓународна политика и безбедност.

Каиро ја напаѓа Турција за поддршката на Муслиманското братство, што е делумно точно. Многу кадри на Муслиманското братство се во егзил во Турција. Египетското раководство се чувствува во голема мерка загрозено од Турција и ја обвинува дека планира контра-удар. Постојниот спор доби нов интензитет по потпишувањето на турско-либискиот договор за ексклузивна економска зона (ЕЕЗ) и ангажманот на Турција во Либија. За Каиро, тоа е сосема нова ситуација, што Турција е толку активна во Либија и дека дури испратила свои платеници во земјата, кои се борат на страната на владата во Триполи, и против генералот Хафтар, кој го поддржува Египет. Голема закана за Каиро е тоа што Анкара одеднаш се вклучи во настани во непосредното соседство, вели Рол.

Според Рол, кога станува збор за конфликтите во источниот Медитеран, Соединетите држави сè уште не одлучиле која страна треба да ја поддржат: во војната во Либија се на страната на Турција и против Египет и Русија. Сега има нови моменти. Односите на САД со Египет не се повеќе идилични како што беше порано. Во меѓувреме, има проблеми. На многу начини, Египет се однесува слично на Турција. Како Анкара, и Каиро купи руски системи за наоружување против волјата на Соединетите држави. Секој си игра своја игра и не ги почитува традиционалните сојузи.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *