Египет ги распореди своите трупи во Сирија, пренесува турската агенција Анадолија. Тие тврдат дека Египет испратил 150 војници во Сирија, кои се распоредени на западниот дел на Алепо и југот на Идлиб и дека се во координација со иранските трупи што се наоѓаат во Сирија.

Египетските трупи се распоредени околу градот Кан ал Асал на западниот дел на Алепо и околу градот Саракиб на југот на Идлиб, пренесува агенцијата Анадолија.

Турската агенција понатаму тврди дека египетските војници пристигнале во Сирија преку воениот аеродром во Хама, но во претходните пет дена немаше забележано летови од Египет кон Хама, поради што многумина се сомневаат во турските обвинувања.

Од друга страна, во претходните пет месеци, Турција работеше на распоредување на своите војници, но и на доведување на терористички формации во покраината Идлиб.

Турција и Египет се во голем судир затоа што ги поддржуваат спротивставените страни во Либија. Египет одржува добри односи со Сирија и Асад и покрај меѓународниот притисок за време на војната во Сирија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *