Ние сакаме спроведување на договорот од Македонија, а не да гледаме обиди за негово одложување или запирање. Ова го рече во емисијата „Панорама“ на бугарската национална телевизија, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева .

Постојат многу гаранции во договорот, и ќе ги надминеме контроверзните прашања. За жал, штом стана членка на НАТО, Македонија почна да го одложува спроведувањето на договорот, говорот на омраза ескалираше, имаше многу сигнали дека на бугарскиот бизнис му создаваат непотребни административни пречки, скоро и да немаше движење од нивна страна во врска со инфраструктурни коридори, рече таа.

Обидувајќи се да побегнат од договорот, во Македонија велат дека ние ги спречуваме да се дефинираат себеси како нација. Тие не сакаат да го исполнат договорот, нагласи министерот за надворешни работи на Бугарија.

Веќе подолго време ја објаснуваме нашата позиција во сите европски метрополи. Информацијата за обидите да се изврши притисок врз Бугарија да ја смени својата позиција е лажна поддршка, која започна да се прикажува во Македонија. Очигледно, понекогаш лажните вести полесно се шират отколку вистината. Нема да ги напаѓаме со лажни вести и да го следиме нивниот пат, рече Екатерина Захариева .

Таа истакна дека повеќето земји во Европската унија не сакаат билатералните прашања да бидат дел од рамката за преговори.

Нашата позиција не е вето, туку „не“ од Бугарија кон рамката за преговори. Ние веруваме дека нема напредок во договорот, затоа не можеме да кажеме „да“ на рамката за преговори. Ние сакаме јасни гаранции за спроведување на договорот во оваа рамка. Ако видиме гаранции, Бугарија е подготвена да каже „да“ во секое време. Но, не под притисок. Во Македонија се надеваа на притисок, се надеваа дека некој ќе дојде и ќе ја искара Бугарија. За време на разговорите со моите европски колеги, не чувствував никаков притисок од никого, вели бугарскиот министерот за надворешни работи.