Ние имаме многу јасна позиција. Сакам да потенцирам дека тоа нема никаква врска со изборите. Ако постигнеме договор и пет дена пред изборите, Бугарија може да ја одобри Рамката за преговори на РС Македонија за почеток на претпристапните преговори.

Ова го изјави бугарскиот вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа истакна дека главното прашање во спорот е поврзано со спроведувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, кој беше потпишан во август 2017 година.

„Најголемата манипулација што доаѓа од Скопје е дека им го ускратуваме правото на самоопределување. Ние не им негираме на бугарските граѓани да самоопределат, тогаш како можеме да им негираме на странските државјани“, рече Захариева во интервјуто на Нова ТВ.

„Имаме интерес РС Македонија да започне преговори , но не можеме да замижуваме на заштитата на националните интереси. Имаме многу точки со неисполнување на Договорот “, потенцираше таа.

Бугарскиот вицепремиерот уште еднаш повика по темата Македонија да се намалат емоциите и да не зборува преку медиуми.

„Ако колегите од Македонија сакаат да се приклучат на семејство на ЕУ, нема потреба да ги мобилизираат сите сили да оцрнат една од членовите“, изјави Захариева.