Дали екипата која стоеше позади политизацијата на аферата Рекет сега ја спроведува стратегијата за блокирање на преговорите меѓу Македонија и ЕУ? Таа екипа работи веќе подолго врме против интересите на Македонија и е контролирана од центар во Софија. Ова е дел од анализата која можете да ја гледате во емисијата Во центар, вечерва во 22 часот на youtube.

Тие сега се обидуваат да го применат грчкиот модел во однос на Македонија. Но грчкиот и бугарскиот модел се драматично различни. Грција сакаше да ја блокира Македонија за да покаже дека сме различни. За разлика од Грција, Бугарија сака да ја блокира Македонија да покаже дека сме исти.

Гледате кој е тој апсурд, тие сто години се обидуваат да докажат дека сме еден народ и сега според нивната логика делови на тој исти народ тие ќе го блокираат да не влезе во ЕУ. Тоа само покажува дека Бугарија има проблем да се соочи првенствено со постоењето на македонската држава а се друго е секундарно прашање.

Ако не постои македонското прашање цела политичка елита во Бугарија ќе треба да биде испратена во пензија, на чело со министерот за одбрана и вицепремиер за безбедносни прашања, Красимир Каракачанов. Како кадар на службата за државна безбедност целата негова кариера е врзана со македонското прашање и ако тоа прашање го нема тогаш ќе ја снема и употребната вредност на Каракачанов за бугарските служби.

На Софија и Бугарија не и треба Македонија во ЕУ и НАТО. На нив им треба изолирана Македонија од типот на Белорусија. Со некој македонски Лукашенко на чело на државата. И таква Македонија да биде во конфликт со ЕУ и НАТО. И како Белорусија на Лукашенко за да се спаси да мора да побара помош од Русија. А тука врската со Русија оди преку Софија и Бугарија. Тоа е стратегијата и таа е видлива од авион.

Изборот на Вело Марковски како нов член на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ е гаранција дека партијата ќе продолжи да се кара со сите. Не се карале само со Светската Здравствена Организација, а сега со Вело Марковски ќе се караат и со СЗО. Тие пробаа и со Рашела Мизрахи и со Александар Пандов, но Вело Марковски одговара на таа улога повеќе и од едниот и од другиот.

Бугарија ги изгуби Прватата и Втората Балканска Војна. Ја изгуби Првата и Втората Светска Војна. И сега ќе ја добие Бриселската Војна за или против Македонија. Кој е тој историски комплекс од кој не може да се ослободи Софија!? Таа грешна стратегија дефинитивно ќе ја пртетвори Бугарија во источна провинција на ЕУ која секогаш ќе биде контролирана од руските служби и руската мафија.

Затоа е голема грешка изборот на Бујар Османи да биде министер за надворешни работи бидејќи тој нема ниту капацитет а ниту политичка воља во овој тубулентен период на односи со Бугарија да ја предводи македонската дипломатија. Всушност, политиките на ДУИ по тие прашања се многу поблиски до Каракачанов отколку кон Заев.

Ова е дел од вечерашната анализа во емисијата Во Центар. Повеќе ќе можете да погледата вечерва во 22 часот: Во Центар на youtube.