Војната во 2001 година во Македонија беше направена од првата група на припадници на УЧК кои во НАТО униформи влегоа во градовите на Косово по повлекувањето на војската и полицијата на тогашна СР Југославија.

Таа група броеше околу 4.500 борци на УЧК кои облекоа НАТО униформи и требаше да служат како пешадија на НАТО во случај да дојде до копнени конфликти на територијата на Косово меѓу српската армија и НАТО.

Ова во интервју за емисијата Во Центар го изјави адвокатот Горан Петронијевиќ кој во текот на својата кариера како судија, но и како застапник во Хашкиот трибунал има дојдено до многу ексклузивни информации поврзани со делувањето и темните петна во функционирањето на УЧК.

Според Петронијевиќ, во текот на 2001 година дел од таа група од 4500 борци на УЧК во униформи на НАТО доаѓаат и ја започнуваат војната во Македонија. Дел од таа група се фатени во селото Арачиново, вели тој, затоа и имаше таква интервенција на НАТО. Голем дел од тие 4.500 борци на УЧК сега се возрасни луѓе, но еден дел од нив или нивните деца се се уште активни, вели тој.

Според Петронијевиќ, се уште во Арачиново и околината постојат 40 припадници на таа група. Има цврсти докази, вели Петронијевиќ, дека припадници на таа група од 4.500 борци на УЧК во НАТО униформи биле активни во настаните во Куманово и во Диво насеље во 2015 година.

Но и има сериозни индиции, вели тој, на кои сега се работи, дека членови на таа група биле во позадината на грозморниот настан кој на Велики четврток во 2012 година се случи кај Смилковското езеро.

Целото интервју со Горан Петронијевиќ во емисијата Во Центар можете да го погледате на следниот линк: