Во текот на војната 2001 година, во еден стан на военото разузнавање во Гостивар е одржана средба меѓу раководството на СДСМ и дел од екипата на Али Ахмети. Според Јанко Бачев, сега Претседател на Единствена Македонија, а тогаш вработен во Службата за државна безбедност, на таа средба во Гостивар присуствувале Лазе Китановски, поранешен министер за одбрана и директор на Агенцијата за разузнавање, Миле Зечевиќ, поранешен директор на Службата за државна безбедност, а тогаш советник на министерот за одбрана Владо Бучковски, и Зоран Верушевски во тој момент директор на ДБК во широката Влада, а од страна на УЧК биде Г’зим Острани тогаш началник на Штабот на ОНА и сегашниот Претседател на Собранието и поранешен министер за одбрана, Талат Џафери.

Овие ексклузивни информации Јанко Бачев ги кажува во емисијата Во Центар која вечерва во 22 часот ќе се емитува на youtube.

Во исто за голема провизија екипата на Љубчо Георгиевски, вели Бачев, продава 51 отсто од Македонскиот Телеком каде во тоа време се наоѓаат разузнавачките центри за прислушкување во државата.

Ова е само дел од екслузивното интервјуи на Јанко Бачев за емисијата Во Центар.


Напишете коментар