Вечерва во 22:00 часот на YouTube каналот Vasko Eftov ќе се емитува уште едно екзлузивно интервју во кое ќе бидат откриени многу детали и одговорени многу прашања. Меѓу нив е и аферата Шпион, односно како е откриена аферата Шпион.

На 06.10.2014 сите обвинети опфатени во овој предмет беа прогласени за виновни. Највисока затворска казна доби првообвинетиот Марјан Ефремов, кој според Обвинителството, како и првостепениот Суд бил „мозокот“ на групата која  шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Нему му беа изречени 15 години затвор за кривичните дела: шпионажа, злосторничко здружување, измама, уцена и прикривање. Останатите затворски казни се движеа во распон од една до девет години, а изречена беше и една условна казна. Според обвинителството, откако првообвинетиот добил отказ  од Агенцијата за разузнавање, во 2009 година, формирал злосторничка група во која влегле поранешни или сегашни вработени во УБК, Јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, воената полиција, Државниот архив и сопственици на медиуми.

Дел од тоа како била откриена оваа афера може да погледнете во најавата за вечерашната емисија Во Центар со Васко Ефтов, која ќе се емитува вечерва во 22:00 часот на YouTube.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *