Дејвид Салисбури, поранешен функционер во Министерството на здравство на Велика Британија изјави дека понатамошните тестирања се многу важни и голема е веројатноста да постојат одредени разлики во ефикасноста на вакцините.

„Со оглед на тоа што на располагање има повеќе вакцини, мислам дека надлежните треба да размислуваат за тоа која вакцина би била најдобра за која популација. Тоа не е необично, во Велика Британија даваме три видови на вакцини против грип: на децата, на помладите и на возрасните. Тоа го правиме затоа што знаеме дека различни вакцини подобро функционираат на различни старосни групи“, изјави Салисбури.

Експертот за вакцини при Универзитетот во Бристол, Адам Фин повика на внимантелност при споредувањето на вакцините.

„Ако постојат разлики, можеби се последица на случајност или настанале поради начинот на кој е спроведено одредено истражување. Имаме докази дека овие три вакцини делуваат на превенција на болеста, но не е утврдено кои од нив најдобро ќе делуваат кај постарите лица, односно дали ќе постојат некакви разлики“, изјави Фин.