Рускиот експерт откри која валута ќе покаже позитивна динамика оваа година.

Експертот за берзи Михаил Зелцер откри во која валута е најдобро да се инвестира во 2021 година.

Имено, тој советува дека најпаметна одлука оваа година би била инвестирање во еврото, бидејќи закрепнувањето на европската економија покажува позитивна динамика.

Според рускиот експерт, европската економија ќе расте побрзо од американската.

Еврото во првата половина на 2021 година би можело да зајакне во однос на доларот за 1,3 проценти. Тоа значи дека ќе биде подобро дел од средствата да се чуваат во странска валута и тоа во евра, објасни тој.

Тој посочи дека многу интересни валути можат да бидат јуанот, јенот и рупијата. Сепак, според експертот, за нас тие сè уште се егзотични.

Тој додаде дека рубљата има добра перспектива.

До крајот на оваа година руската валута може да зајакне до 70 рубли за еден долар и 85 за ено евро, но за тоа ќе бидат потребни одредени услови: цената на нафтата мора да биде над 50 американски долари за барел, и ќе биде потребно да се намали притисокот на санкциите на ЕУ и САД, рече Зелцер.