Фудбалерите на Наполи место со своите броеви натпреварот го одиграа сите со иста бројка, а тоа е легендарната 10-ка која клубот ја повлече во 1991-ва.

Меѓу нив беше и Елиф Елмас кој Гатузо го избра меѓу стартните 11, а од спротивната страна играше стоперот на Македонија Дарко Велковски.

Ова е прва, а веројатно и последна можност и чест некој македонски фудбалер да се појави и да одигра натпревар на Сан Паоло со бројот 10 на грбот.

Го носеше фудбалскиот бог на Наполи, кој во 80-те му пркосеше на моќниот север отсекогаш доминантен во италијанскиот фудбал. Со него прв пат некој клуб од Јужна Италија ја почувствува магијата на Скудетото.

Стана и најдобар стрелец во историјата на Наполи со 115 гола, рекорд срушен од страна на Марек Хамшик во 2017-та, кој сега го држи Дрис Мертенс.