Повредата на Елмас не е наивна, по лекарските прегледи е одлучено дека тој треба да се врати во Неапол, нема да патува за Кипар каде Македонија во среда го игра последниот меч од Лигата на нации против Ерменија. 

Утврдено е дека Елиф има повреда на бутниот мускул и ќе мора да се врати во Неапол каде ќе ја почне рехабилитацијата. Отсуството на Елмас е само уште една дополнителна главоболка за селекторот Ангеловски, за мечот со Ерменија сме без Пандев, Барди, Алиоски, Адеми, Николов, Спировски, Ристевски и Димитриевски. Од синоќа дополнително повикани се Мицевски, Трајчевски и Китановски.