Наполи еден час се мачеше да го скрши отпорот на Парма, во тој период тешко создаваше шанси, но работите се променија во 61. минута кога Осимен влезе во игра. Тој е најскапиот играч кој го има купено Наполи, неговиот трансфер може да достигне до 80 милиони евра и покажа зошто е така. 

Веднаш ја раздвижи играта на Наполи, неколку пати ја измести одбраната на Парма и резултат на тоа беа головите на Мертенс и Инсиње со кои победија со 2-0. Елиф Елмас од клупата го почна натпреварот, во игра влезе во 84. минута на местото од Руиз.

спортски.мк