Како што веќе најави, селекторот на сениорската фудбалска селекција, Игор Ангеловски го потврди списокот на ноемвриските дуели на Македонија. Најискусната репрезентација ја очекува најважниот натпревар во историјата и гостување кај Грузија во Тбилиси (12 ноември) во финалето од првата сезона во Лигата на нации, дуел кој носи пласман во Европското првенство 2021 година.

Одлични вести за селекторот е враќањето на Ељиф Елмас во составот кој се опорави од коронавирусот, а покрај него Ангеловски ќе ги има сите расположливи сили за трите ноемвриски натпревари. Од октомврискиот список ги нема Хасани и Тошевски. Столе Димитриевски е казнет за натпреварите со Ерменија и Естонија и може да настапи само во Тбилиси. 

  • Списокот на повикани играчи:

ГОЛМАНИ: Столе Димитриевски (Рајо ВаљеканоШпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Даниел Божиновски (Силекс), Мартин Богатинов (Етникос Ахна)

ОДБРАНА: Висар Муслиу (МОЛ Фехервар, Унгарија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кире Ристевски (Ујпешт, Унгарија), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон, Португалија), Дарко Велковски (РијекаХрватска), Ѓоко Зајков (Шарлроа, Белгија), Езџан Алиоски (Лидс Јунајтед)

СРЕДЕН РЕД: Енис Барди (Леванте, Шпанија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Бобан Николов (МОЛ Фехервар, Унгарија), Стефан Спировски (АЕК Ларнака, Кипар), Тихомир Костадинов (Ружомберок)

НАПАД: Горан Пандев (ЏеноваИталија), Иван Тричковски (АЕК Ларнака, Кипар), Илија Несторовски (Удинезе, Италија), Александар Трајковски (Мајорка, Шпанија), Крсте Велкоски (Сарајево, БиХ), Влатко Стојановски (Шамбли, Франција)

По финалето со Грузија, избраниците на Ангеловски ќе ги одиграат дуелите од новото издание на Лигата на нациите, во кое Естонија гостува во Скопје (15 ноември), па Ерменија ќе ја дочека Македонија во Никозија (18 ноември).