Чиро Имобили и Луис Алберто донесоа победа од 2-0 за Лацио во дербито со Наполи, избраниците на Џенаро Гатузо врзаа два порази во Серија А.

Во последниот натпревар од 13. коло во Серија А, Лацио во Рим со 2-0 славеше против Наполи.

Домаќините подобро го започнаа мечот, креираа неколку шанси и поведоа со голот на Имобиле во 9. минута. Наполи се обиде веднаш да се врати во игра, гостите неколку пати се заканија по голот на Реина, но не успаја да ја затресат мрежата и на пауза заминаа со гол негатива.

На стартот од вториот дел, Марио Руи погреши при едно додавање, направи шанса за Лацио а Луис Алберто не погреши и донесе 2-0.

Нашиот Елиф Елмас влезе во игра во 55. минута, но не можеше да помогне да се избегне нов пораз, втор во низа.