Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа пристигна во прва официјална посета како претседател на француска држава во Хрватска.

Официјален Загреб очекува негова поддршка за Шенген зоната и еврозоната како и потпишување договор за купување француски борбени авиони.

На свечениот прием на Макрон утрово одекна француската химна на Марсеј. Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ го прими претседателот Макрон со највисоки државни почести.

Ви благодарам за топлото добредојде и разговорот, големо задоволство е и горд сум што сум првиот француски претседател кој ја посетил Хрватска од осамостојувањето. Тоа е неправда бидејќи оваа посета е симбол на нашето пријателство – изјави Макрон.

Тој додаде дека членството во ЕУ е она што придонесува за мирот и просперитетот на државата.

Оваа соработка што ќе ја зајакнеме е исклучително важна за темите што се пред нас, темата за Западен Балкан, тоа е она што ќе ни овозможи да создадеме нова етапа за Западен Балкан. Знам дека вашите врски во Западен Балкан ќе ни помогнат во тоа. Оваа посета е секако преставува ново поглавје. Ви благодарам за разговорот – додаде Макрон во својата изјава.

Милановиќ изјави дека со Макрон разговарал за купување авиони, но и за настаните во регионот и во светот.

Франција е единствената нуклеарна сила во ЕУ, и сето тоа гледа пошироко од нас. Разговорите ги оценувам како одлични. Со нетрпение го очекував сето ова, декларацијата за соработка, ова е нов почеток за Хрватска, ова е сериозна промена на која се радувам – изјави претседателот на Хрватска, Милановиќ.

По пристигнувањето во Хрватска, Макрон присуствуваше на работна вечера со премиерот Андреј Пленковиќ во потесен формат, на која на дневен ред беа глобалните и регионалните прашања.