Вчера во марината во Каштела избувна огромен пожар, во кој изгореа пет бродови, а 18 од нив беа оштетени од пожар.

Едно лице е полесно повредено, а штетата, со оглед на тоа што станува збор за луксузни бродови, е огромна, пренесува Клих.ба.

Точната причина за пожарот, како и последиците сè уште не се утврдени, имајќи предвид дека на некои места бродовите жариштата не беа изгасени и денес, но, сепак се претпоставува дека сè започнало од еден брод на кој готвачот правел ручек.

Директорката на оваа марина, Ивона Смолјиќ, рече дека според информациите што ги имаат, причината за пожарот е човечки фактор. Сè започнало од бродот на кој бил готвачот, и кој за среќа успеал да избега без последици. Екипажот се обиде да го изгаси пожарот самостојно, но без успех.

Бидејќи биле запалени јажињата со кои бил закотвен бродот, тој лебдел на морето и со тоа запалил други бродови на повеќе локации.

Судски експерт од Хрватска проценува дека е направена штета од неколку милиони евра, со оглед дека станува збор за јахта од 25 метри. Меѓу запалените јахти, едната беше во сопственост на белградскиот претприемач Милан Поповиќ, поранешниот партнер на Северина Којиќ, со кого имаат заедничко дете.

Покрај материјалната штета на бродовите, тука е и прашањето за последиците од животната средина со оглед на количината на штетни материи што со оган стигнале до морето. Бидејќи нафтата извора на секој чекор, започна изградбата на морски брани, а очевидци велат дека може да се почувствува силен мирис од нафта и изгорена пластика.