Додека демократијата и економијата на Европа и Америка се распаѓаат, ние ќе продолжиме да ја развиваме нашата земја на сите полиња, рече турскиот Претседател Реџеп Таип Ердоган, во говорот преку видео конференција на 140-тиот редовен состанок на покраинските лидери на АК Партијата.

Да не заборавиме, рече тој, борбата за праведни цели не трае до изборите, туку до гробовите. Тој истакна дека Турција ја докажа својата репутација, сила и можности на меѓународно ниво. Турција има своја визија, рече Ердоган.

Во согласност со оваа визија, целта е да станеме една од 10-те најсилни земји во светот, и со ова започнавме подготовки за многу поголеми успеси и напредок, додаде тој.

Тој исто така ги коментираше неодамнешните настани во регионот и во источниот Медитеран, како и улогата на Франција во таа област.

Тие прашуваат: Зошто Турција е во Сирија? Зошто Турција е во Либија? Зошто Турција е во источниот Медитеран? Зошто е во Африка? Тие велат: Зошто Турција е на Балканот, Кавказ и Централна Азија? Тие прашуваат: Зошто Турција се бори толку силно? Ајде да се запрашаме што ќе се случеше ако Турција не направеше таков напор. На пример, ако Турција се повлече целосно, дали Сирија веднаш ќе уживаше во мир, просперитет и слобода? Ако Турција се откажеше од сè, дали Франција ќе се откаже од провокациите и ќе се сврти кон политика на здрав разум? На пример, ако Турција се одрече од своите права, дали Европската унија ќе се откаже од двојните аршини што ги применуваше многу години против нашата земја и ќе започне да ги исполнува своите ветувања кон нас? Исто така, дали оние што постојано се обидуваат да и создадат економски пречки на нашата земја, ќе се покајат и ќе не поддржат? Освен мало малцинство, не сум видел, слушнал или познавам некој што би одговорил на овие прашања со „да“ – рече Ердоган.