Реџеп Таип Ердоган ќе биде вакциниран против коронавирусот во живо на телевизија подоцна во текот на денот, потврди портпаролот на неговата партија.

Foto: Depositphotos/vverve

И со цел да се отстранат сите сомнежи за ефикасноста на кинеската вакцина што оваа земја ја користи во својата национална програма за имунизација.

„Претседателот Ердоган ќе ја прими вакцината пред телевизиските камери во живо, по состаноците со претставници на АКП“, објави портпаролот Омер Челик денес на прес-конференција во Анкара, пренесува британски Гардијан.