Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека некои што знаат дека Турција е важна земја се обиделе на секој можен начин да воспостават контрола и да управуваат со таа земја, но не успеале во тоа, пренесува Анадолија.

Нема веќе дилеми е дека ноќта на 15 јули 2016 година, некои беа на истите позиции, како и сега, и само чекаа да кажат како успеа пучот и како „нашите момци повторно успеаја“. Но, таа вечер видовме дека кога народот ќе застане на нозе, тогаш пучистите немаат корист ниту од тенкови, топови, оружје, медиуми или меѓународна поддршка, рече Ердоган во обраќањето на симпозиумот што се одржа во Истанбул по повод 40-годишнината од пучот што се случи на 12 септември 1980 година.

Тој истакна дека секој воен удар се спроведува за да се надополнат недостатоците и неуспесите на претходниот.

Треба да знаеме дека ниту еден воен удар или обид за воен удар во Турција не беше легитимен, народен и наивен. Тие направија се што е во нивна моќ да не дистанцираат од нашите цели и да не држат во магичен круг на државни удари и туторства, рече Ердоган.

Тој исто така ги коментираше настаните во источниот Медитеран, како и улогата на Франција и нејзиниот претседател Емануел Макрон во тој регион.

Господине Макрон, уште многу мака и проблеми ќе имаш Ти со мене. Ти не знаеш историја. Ти не ја знаеш ниту историјата на Франција. Затоа, не се бави со турскиот народ и не се бави со Турција. Не можете вие нам да ни држите предавања за човечноста, рече турскиот претседател.

Тој им порача на Грција и на грчките власти дека прават грешка за тоа што се случува во источниот Медитеран.

Постапувате погрешно. Не одете по тој пат, ќе останете целосно сами, додаде Ердоган.

Конечно, тој рече дека Турција не планира да побара помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) како што некои посакакуваат.

За нас повеќе не постои врата што се нарекува ММФ, доволни сме сами за себе. Оваа земја е самоодржлива, рече Ердоган.