Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција да започне разговори за спорните територијални води во Источен Медитеранот или да се соочи со последиците.

Или Грција ќе го разбере јазикот на политиката и дипломатијата или ќе се соочи со многу болни искуства, рече Ердоган.

Ердоган појасни дека Грција ќе разбере дека Турција има политичка, економска и воена моќ да ги уништи неморалните мапи и наметнатите документи.

Аналитичарите велат дека тој мислел на областите обележани од Грција и Кипар како поморски економски зони.

Турскиот претседател додаде дека Анкара е „подготвена за какви било евентуалности и резултати“.

Анкара во моментов е во спор со Грција и Кипар околу истражувањето на нафта и гас во Источен Медитеран.

Турските медиуми наведуваат дека тенковите биле префрлани на турско-грчката граница.

Весникот Џумхуријет пишува дека 40 тенкови биле пренесени од сириската граница во Едрене во северозападна Турција. Објавени се фотографии од оклопни возила кои се превезуваат со камиони.


One thought on “Ердоган: Грција или ќе разговора или ќе се соочи со последиците. Турција префрла тенкови од Сирија на границата со Грција!”
  1. […] Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ја предупреди Грција да започне разговори за спорните територијални води во Источен Медитеранот или да се соочи со последиците, објави vocentar.com. […]

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *