Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис го свика Национален совет за безбедност, во кој учествуваат министрите за надворешни работи и за одбрана.

Турската морнарица објави денес дека нејзиниот брод „Орук Реис“ ќе спроведе истражувачко дупчење во спорната област во источниот Медитеран во наредните две недели, што ќе придонесе за раст на тензиите во односите со Грција, проценува Ројтерс.

По тој повод, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го свика Советот за национална безбедност, во кој учествуваат министрите за надворешни работи и за одбрана.

Министерот за грчка влада Јоргос Герапетритис рече дека Атина е „во целосна политичка и оперативна подготвеност“.

Двете земји членки на НАТО располагаат со правото на јаглеводородни ресурси во регионот.

Слична најава на Турција минатиот месец предизвика спор, а по интервенцијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Турција се согласи да ги одложи операциите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во петокот рече дека Турција ќе продолжи со работата на истражување на нафта и гас во источниот Медитеран, затоа што тврди дека Грција не ги исполни своите ветувања во врска со тие активности во регионот.

Ердоган тоа го кажа откако Грција потпиша договор со Египет, со кој се дефинира поморската граница меѓу двете земји и ја означува ексклузивната економска зона за правото на истражување на нафта и гас.

Ердоган го нарече договорот „ништовен“ и оцени дека станува збор за одговор на договорот меѓу Турција и меѓународно признатата либиска влада.


Напишете коментар