„Нема да правиме компромиси околу нешто што ни припаѓа. Одлучни сме да направиме сѐ што е потребно“, кажа Ердоган еден ден откако шефот на германската дипломатија Хеико Мас се обиде да ги ублажи тензиите меѓу Турција и Грција во нивниот спор околу водите во источниот Медитеран.

Зборувајќи за настанот со кој се одбележува воената победа на селџучките Турци над Византинското Царство во Малазгирт, Ердоган ги повика своите грчки колеги да ги избегнат грешките кои, како што кажа, би им донеле уништување.

Тензиите меѓу Турција и Грција ескалираа отатко Анкара месецов го испрати истражувачкиот брод Оруч реис во спорните води во источното Средоземно Море, потег кој Атина го смета за нелегален.

Турција и Грција, сојузнички во НАТО, остро се спротивставени околу правата на ресурсите на енергенси во таа област врз основа на спротивставените ставови за опсегот на нивните епикинтинентални појаси во водите со главно грчки острови.

„Ако некој е спремен да ја плати цената, нека ни се спротивстави. Ако не, треба да се тргне за да можеме да си ја завршиме работата“, кажа Ердоган.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *