Турските трупи отпатуваа за Азербејџан, каде што ќе бидат во заедничкиот руско-турски центар за набудување на примирјето во Нагорно Карабах, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

Како што јави ТАСС, Акар изјави дека еден центар и други 35 офицери на турските вооружени сили ќе работат во центарот за набудување.

Турскиот телевизиски канал НТВ претходно објави дека заедничкиот руско-турски центар може да започне со работа во јануари 2021 година.

На 10 ноември рускиот претседател Владимир Путин, азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашинјан потпишаа заедничка изјава за целосен прекин на огнот во Нагорно Карабах.

Тогаш беше договорено дел од регионот да биде под контрола на Азербејџан, а руските мировници да бидат распоредени долж контактната линија и долж коридорот што го поврзува Карабах со Ерменија.