Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети „ослободување на џамијата Ал Акса“ од Израел, откако во петокот ја „воскресна“ Света Софија како џамија.

Контроверзната одлука за промена на статусот на Света Софија, која беше претворена во џамија 1453 година, а потоа во музеј, беше донесена минатата недела, пишува Ерусалим Пост.

„Воскресението на Света Софија го најавува ослободувањето на џамијата Ал Акса“, се наведува на интернет презентацијата на Канцеларијата на турскиот претседател.

„Воскресението на Света Софија го разгоре огнот на надеж за муслиманите и за сите угнетени, соборени и експлоатирани“, пишува весникот.

Реџеп Таип Ердоган долго време се залагаше за палестинската кауза и беше екстремен критичар на Израел, меѓу другото кога ја напушти сцената во Давос за време на разговорите со поранешниот израелски претседател Шимон Перес во 2009 година.

Тогаш Турција испрати флотила во Газа за да се обиде да ја сруши израелската блокада на Газа, што доведе до смрт на десет турски државјани кога израелските сили извршија напад врз бродот Мави Мармара, потсетува весникот.

Според Ерусалим пост амбициите на Анкара се многу поголеми од обид за воспоставување исламски молитви во Света Софија: Тоа е дел од пошироката исламска агенда за регионот, пишува израелскиот весник.

„Анкара сака да биде главен арбитер за исламските прашања“

Во текстот се наведува дека турската владејачка Партија на правдата и развојот е поврзана со Муслиманското братство, а Турција е близок сојузник на Хамас во Газа, која исто така е поврзана со Муслиманското братство.

Стратегијата на Турција се движи кон поголемо влијание низ целиот регион со истомисленици и земји, како што се Катар и Владата на националниот договор во Либија. Турција се обидува да ги замени Саудиска Арабија и другите земји во регионот, како Египет и Јордан, како главен арбитер на она што е исламско, пишува „Ерусалим Пост“.

Тоа значи, наведува весникот, дека раководството на Анкара смета дека нејзините промените во Света Софија се само еден чекор во поголем верско милитаристички план на Блискиот исток.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *