Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека „Анкара нема конфликти или сериозни проблеми со Европа, Соединетите држави, Русија, Кина или кои било други земји во регионот“.

Ердоган истакна дека Турците се „подготвени за дијалог, договор и соработка со сите, под услов да се почитуваат нивниот суверенитет, права и можности“.

Тој посочи дека Анкара „преку реформи“ ќе го разбие триаголникот на економското зло.

„Секој развој на нашиот регион ја потврдува и зајакнува силата и важноста на Турција“, рече Ердоган, истакнувајќи дека Турција „ќе го заземе местото што го заслужува политички и економски во новиот светски поредок кој што светот ќе го дознааел наскоро “.