Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, порача дека е одлучен Турција да ја направи глобален производствен и технолошки центар, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган присуствуваше на свеченото отворање на технолошкиот центар МЕСС во Истанбул, во чии рамки преку видеоконференција беа отворени уште 40 фабрики низ цела Турција.

– Се надеваме дека со овој центар, кој е реализиран со инвестиција од 200 милиони лири (23 милиони евра), ќе отвориме нова ера во областа на конкурентната технологија, каде што на годишно ниво ќе можеме да обезбедиме 400.000 часа бесплатна едукација за 40.000 луѓе, порача Ердоган.

Тој нагласи дека откако ќе се намалат последиците од епидемијата во светот, Турција повторно ќе се врати кон забрзаниот напредок.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *