Турција обвини дека пет држави формираат „Сојуз на злото“ во Медитеранот.

Во понеделникот министрите за надворешни работи на Грција, Кипар, Франција, Обединетите Арапски Емирати и Египет имаа конференциска врска и ги осудија активности за нафтени и гасоводни истражувања на Турција во источниот Медитеран.

Како реакција на тоа, Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хами Аксои ги обвини овие пет држави, Грција, Кипар, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Франција, за создавање „регионален хаос“ во источниот Медитеран, при обидот да се формира „сојуз на злото“.

Аксои, исто така, ја обвини Франција за „патронизирање“ на оваа алијанса.

На тој начин се засилуваат тензиите во Источниот Медитеран. Таму, во близината на Кипар, се пронајдени огромни наоѓалишта на нафта и природен гас.

Турција сака да ги истражува и користи тие наоѓалишта и по секоја цена да ја спречи изградбата на гасоводот од Израел до Грција кој минува низ теритиријалните води кои ги контролираат Турција и Северен Кипар.

Анкара не ја признава владата на Република Кипар и е единствената држава во светот што го призна постоењето на Турската Република Северен Кипар, по разделбата на островот во 1974 година.

Досега Франција беше неутрална но сега на повидок е нејзино вклучување во енергетските игри во Источен Медитеран!


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *