Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека западните земји сакаат да започнат нова крстоносна војна напаѓајќи го исламот.

Франција и Европа како целина не ја заслужуваат оваа провокативна и валкана политика на омраза и поделба предводена од Макрон и оние кои ги делат неговите ставови, им рече Ердоган на пратениците на неговата партија.

Според Ердоган, за неговата земја било „прашање на чест“ дали ќе заземе став против нападот врз пророкот Мухамед.

Најновата изјава на турскиот претседател дојде еден ден подоцна, откако францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ ја објави карикатурата на Ердоган, што предизвика осуда во Турција.

Објавувањето на карикатурата се случува во услови на вербални конфронтации меѓу Ердоган и францускиот претседател Емануел Макрон, по убиството на францускиот професор Самуел Пати, што го шокираше светот.

Анкара го обвини францускиот сатиричен магазин „Шарли Ебдо“ за поттикнување омраза откако на насловната страница беше објавена карикатура на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во услови на тензии меѓу Франција и муслиманските земји.

На карикатурата се гледа како турскиот лидер лежи во долна облека со лименка пиво во раката додека го крева здолништето на жена облечена во хиџаб, откривајќи и го задникот!