Ерменската опозиција синоќешниот протестен марш во Ереван го заврши пред резиденцијата на премиерот Никола Пашинијан, каде му даде ултиматум да поднесе оставка до 8 декември.

– Бараме Пашинијан да поднесе оставка до пладне на 8 декември и ако тој не го исполни ова барање, ќе почнеме со организирање протести низ целата земја, рече Ишан Сагателиан, претставник на партијата Дашнакцутјун.

Вчерашниот протест во центарот на Ереван почна со едноминутно молчење со кое насобраните им оддадоа почит на загинатите војници во конфликтите во Нагорно Карабах, област во соседен Азербејџан со мнозинско ерменско население, околу која двете земји се во конфликт скоро три децении.