Лидерот на ерменската опозициска партија „Светла Ерменија“, Едмон Марукјан, објави дека се собрани доволен број потписи за свикување на вонредна седница на ерменскиот парламент.

Седницата е закажана за вечерва во 20:00 часот, јавуваат медиумите.

Собраните демонстранти во центарот на Ереван му дадоа ултиматум на премиерот Никола Пашињјан да поднесе оставка до полноќ, во спротивно тие ќе свикаат вонредна прес-конференција околу 00:30 часот, на која ќе се обидат да го „решат прашањето за заминувањето на Пашињан“.

Во меѓувреме, полицијата им даде на собраните пет минути да се разотидат.

Вчера опозициската партија „Напредна Ерменија“ објави дека собира потписи за свикување на вонредна седница на парламентот, каде што ќе биде поништено учеството на Ереван во новите договори за Карабах.

Да потсетиме, лидерите на Русија, Азербејџан и Ерменија се согласија за прекин на воените дејствија во Карабах. Примирјето стапи на сила на 10 ноември на полноќ. Договорено е Ерменија и Азербејџан да застанат на сегашните борбени позиции и да ги разменат затворениците. Покрај тоа, руски мировници ќе бидат распоредени во Нагорно Карабах.