Клиниките за козметичка хирургија ширум светот имаат полни раце работа благодарение на пандемијата на корона вирусот.

Затворањето дома и фактот дека сè повеќе луѓе носат маски, ги охрабри многумина да одат на затегнување на лицето или третмани за зголемување на усните токму во овој период, бидејќи тие можат да ги сокријат лузните под маската и да продолжат со закрепнување дома.

Иако вирусот затвори многу бизниси на глобално ниво, добар дел од овие клиники се отворија, истовремено почитувајќи ги заштитните мерки против Ковид 19.

Козметичките хирурзи во Америка, Јапонија, Јужна Кореја и Австралија забележуваат зголемување на пациентите кои доаѓаат кај нив на третмани за пополнување на устата или лицето, корекции на носот или ботокс.

Род Џеј Рорич, козметички хирург од Тексас, вели дека има многу пациенти.

Би рекол повеќе отколку што е нормално. Можеби би можеле да оперираме шест дена неделно, ако сакавме. Тоа е прилично неверојатно, изјави тој за Би-Би-Си.

Бидејќи многумина работат од дома, тоа им го олеснува одлучувањето за операцијата, додава тој.

Тие можат да се опорават во својот дом, да носат маска ако излезат надвор по операција на носот или затегнување на лицето. „Луѓето сакаат да се вратат во нормалниот живот, а дел од тоа е да изгледаат убаво.

И тоа не се случува само во Америка.

Јужна Кореја, која е позната по козметичка хирургија, беше меѓу првите земји кои беа погодени од епидемијата на вирусот корона.

Наместо карантински мерки, корејските власти издадоа препораки за одржување на социјална дистанца и ги советуваа луѓето да работат од дома.

Тамошните клиники забележаа пад на бројот на пациенти од странство, но се повеќе и повеќе локални жители доаѓаа на козметички третмани.

Од Болницата БК во Сеул за Би-Би-Си изјавија дека луѓето биле нервозни на почетокот на пандемијата, но дека тогаш локалното население започнало да доаѓа.

И покрај вирусот на корона, се проценува дека 50 отсто повеќе луѓе дошле оваа година во споредба со истиот период

Тогаш започна да расте и бројот на пациенти од странство.

Бројот на барања надвор од Кореја значително се зголеми откако воведовме можност за консултации и подготовки преку Интернет, така што пациентите беа подготвени да го дочекаат отварањето на границите“, велат од болницата во Сеул.

Јапонија немаше формално воведено карантин, но премиерот Шинзо Абе воведе вонредна состојба која траеше до 31 мај. Од луѓето беше замолено да останат дома. И покрај тоа, пациентите се упатиле кон козметички хирурзи.

Здружението на овие лекари во Јапонија издаде изјава дека овие третмани „не се неопходни за многу луѓе“. Тие побарале од пациентите да остане во своите домови за да „спречи понатамошно ширење на вирусот“.

Како клиника која дава можност многу процедури да бидат завршени за еден ден, забележавме значително зголемување на пациентите кои сакаа да дојдат во овој период, рече Мишел Таџири, еден од координаторите на клиниката во Фукуока.

Маските и работата од дома беа главните причини за таа одлука.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *