Охрабрена со новиот фонд за итни случаи, со повеќе од две милијарди евра, Европската комисија сака да склучи договори со дури шест производители на вакцини за 450 милиони граѓани, против вирусот корона, кој досега уби 674.000 луѓе низ целиот свет.


Фармацевтските компании „Санофи СА“ и „ГлакоСмитКлајн Плц“ објавија дека се во напредна фаза на преговори за испорака до 300 милиони дози на експериментална вакцина против ковид-19 за Европската унија и за 27-те држави членки.

Европската комисија соопшти дека целта на разговорите со Санофи е однапред да се склучи договор за купопродажба.
Претпоставениот договор со Санофи би предвидувал можност сите земји членки на ЕУ да ја купат вакцината – се наведува во соопштението на Комисијата.


Предвидено е, откако вакцината ќе се покаже како безбедна и ефикасна против ковид-19, Комисијата да има договорна рамка за набавка на 300 милиони дози, во име на сите земји-членки на ЕУ – се додава во соопштението.


Портпаролот на Комисијата рече дека не може да коментира кога ќе биде објавен договорот и која е можната цена на вакцината, оценувајќи дека тоа е прилично ветувачки чекор кон можен договор.
Санофи работи на два вакцини, вклучително и еден таков проект во партнерство со ГлакоСмитКлајн Плц.


Напишете коментар