Самсунг сака да остане конкурентен и покрај глобалниот недостаток на компоненти.

За време на годишниот Форум на Самсунг, Чои Си-јанг зборуваше за иднината на производството на чипови на Самсунг и што ќе значи глобалниот недостаток за иднината на нивниот бизнис. Си-јанг е претседател и раководител на Foundry Business на Самсунг и зборуваше за нивните планови да произведат 3nm и 2nm чипови.

Си-јанг повтори дека Самсунг „ќе ги води најнапредните технологии, а ќе оди и чекор понатаму во скалирањето чипови“. Дури и за време на недостаток на чипови, компанијата очекува дека само неколку компании ќе бидат опремени за трката во производството на чипови.

За почеток, масовно производство на чипови на 2nm Самсунг планира да го започне во 2025 година. Тековната генерација паметни телефони од Samsung и Apple (произведени од Samsung, Qualcomm и TSMC) се напојуваат со SoC уреди, изградени на 5nm процес.

Првите чипови базирани на 3nm чипови, производителот очекува да започне да ги произведува во првата половина на 2022 година. Овие нови чипови треба да ги зголемат перформансите за 30 отсто и да користат половина од моќноста благодарение на 3nm gate-all-around (GAA) технолошкото решение. Се наведува дека чипот ќе зазема до 35 отсто помалку простор од неговиот 5nm роднина.

Овие чипови ќе се произведуваат во фабриката на Самсунг во југозападна Кореја, во градот Пјонгтак, а таа фабрика во моментов се шири за да поддржи поголеми капацитети. Планирана е и фабрика за производство на американскиот пазар, иако деталите за нејзината локација не се познати. Во меѓувреме, втората генерација на 3nm чипови се очекува да започне со производство во 2023 година. Компанијата дури откри дека чиповите во 2nm процесот се во рана фаза на развој.