Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари.

Канцеларката Ангела Меркел се состана со премиерите на федералните покраини, со кои договори нови мерки по 31 јануари.

Иако состанокот на германскиот канцелар со водачите на федералните покраини е сè уште во тек, протекоа информации, од кои најважно е дека Германија ќе биде во уште построга блокада, која ќе трае до 14 февруари.

Меркел и водачите на покраините се договорија да воведат мерки за задолжително носење на високо квалитетни медицински заштитни маски во продавниците и во јавниот превоз, покрај постојните.

Владата на Германија вчера испадна со изјава дека цела европа треба да учи од нив, дека здравјето на луѓето треба да биде на прво место.