Бугарскиот европратеник, од редовите на партијата на Красимир Каракачанов-ВМРО БНД, Ангел Џамбаски, продолжува со говор на омраза и со провокации во моменти кога односите меѓу Скопје и Софија се на најниското ниво во последните 30 години.

Во последните 24 часа, Џамбаски на твитер напиша два твита кои предзвикаа бурни коментари на твитер.

Македонија без Бугари, оган да ја гори! Напиша европратеникот Џамбаски на неговиот твитер налог.

Само неколку часови подоцна Џамбаски напиша уште еден твит овој пат наменет за министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска. Поточно за нејзиниот дедо кој според Џамбаски се борел за ослободување и обединување на Македонија кон мајка Бугарија.

Еве што точно Џамбаски и напиша на Шеќеринска:

Ова е писмото испратено од бабата на Радмила Шекеринска, министерот за одбрана на Република Македонија, до директорот на одделението за пензии, во кое таа моли за помош. Забележете за што се бореше нејзиниот покоен сопруг: За Ослободување и Обединување на Македонија кон мајката Бугарија.

Инаку во Софија се фалат дека на првата средба како министри за одбрана, меѓу буарскиот министер Красимир Каракачанов и македонската министерка Радмила Шеќеринска, Каракачанов на својата македонска колешка на почетокот на разговорите и предал дел од досието на нејзиниот дедо.