Унгарскиот политичар Јозеф Сајер ја напушти владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан, откако се обиде да избега од геј забавата во Брисел, за време на „заклучувањето“, со спуштање преку олукот.

Орбан за дневниот лист Маѓар Немзет изјави дека постапката на Сајер „не може да биде оправдана“ и дека е во спротивност со вредностите на партијата Фидес, која е застапник на традиционалните христијански и семејни вредности.

Сајер е еден од основачите на Фидес и беше соработник на Орбан повеќе од 30 години.

Тој беше водечката сила на Фидес во Европскиот парламент и одигра клучна улога во измената на унгарскиот устав по победата на Орбан на изборите во 2010 година.

Постапките на нашиот колега Јозеф Шајер се некомпатибилни со вредностите на нашето политичко семејство, рече Орбан, цитиран од Маѓар Немзет.

Ние нема да ги заборавиме или отфрлиме неговите 30 години работа, но неговиот чин е неприфатлив и не може да биде оправдан. Тој ја донесе единствената можна соодветна одлука кога се извини, поднесе оставка како европратеник и го напушти Фидес, додаде Орбан.

Сајер во неделата поднесе оставка од функцијата европратеник и во изјавата во вторникот им се извини на семејството, колегите и гласачите, велејќи дека жали што ги прекршил белгиските мерки против коронавирусот.

Околу 20 лица, вклучително и Сајер и досега непознати дипломати, беа казнети за присуство на приватна забава во петокот вечерта на која имаше секс, дрога и алкохол. Полицијата открила дрога во близина на Сајер.

Инцидентот се случи во чувствителен период за Орбан, кој е во судир со Брисел околу условувањето на европските фондови со почитување на владеењето на правото.

Сега се поставуваат две дилеми. Прво, полицијата веројатно долго време знаеле за таквите излети на Сајер. И дали сега му се праќа порака на Орбан. И второ кои се другите дипломати или европратеници кои биле на геј журката? Да не зе некои што се често во македонските медиуми!?