Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард повика денес на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува Ројтерс.

Биткоин излезе од својот мал „лажен пазар“ во последниве години, а сега го купуваат обични луѓе, инвестициски фондови, па дури и големи корпорации. Некои дури земаат заеми за да го зголемат купувањето на таа криптовалута, чијашто вредност се зголеми десеткратно од минатиот март.

Сепак, нејзината главно анонимна природа предизвика загриженост дека може да се користи за перење пари и други нелегални активности.

„Биткоинот е високо шпекулативно средство кое се користи за некои чудни зделки и некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече Лагард на конференцијата „Ројтерс следна“.