Компанијата веќе еднаш го одложи испраќањето вакцини, па ова сега добива димензии на потенцијална катастрофа.

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија Фајзер, поради што испораката на вакцини против вирусот корона повторно се одложува, изјави денеска портпаролот на ЕК.

Фајзер требаше да достави нови количини вакцини во ЕУ следната недела, пренесува Ројтерс.

Претходно, компанијата Фајзер објави дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирус, бидејќи веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.