Од оваа недела, во Велика Британија започна имунизацијата против коронавирусот со вакцината развиена од „Фајзер“ и германската компанија „БиоНТех“.

Се работи за вакцина со ефикасност од над 95 отсто меѓу проблем е нејзиното складирањето во специјални замрзнувачи на екстремно ниски температури – под минус 70 степени.

Во врска со Фајзер, шпанскиот вируолог Хозе Антонио Лопез откри за LaSexta Noche дека „компанијата работи со лиофилизирана вакцина (премин на производот од цврста/течна во гасовита состојба), што секако ќе се користи преку носот, што е позитивен момент бидејќи нема да треба да се одржува на екстремно ниски температури. Овој пристап не е ништо ново-користење вакцина преку носот, бидејќи тоа беше прикажано во филмот „Зараза“ од 2011 година.

Лопез истакна дека земањето вакцина преку нос „ќе значи активирање на подиректен имунолошки систем, кој ќе дејствува при заразување со вирусот“.
Според него, тоа ќе биде секако многу помоќен имунолошкиот одговор на заразата.

Експертот исто така објасни колку е лесно да се зачува и транспортира ваквата вакцина, која е во тврда состојба: „Транспортот и зачувувањето ќе бидат полесни затоа што тие се чуваат лиофилизирани, и ќе се користат преку носот“.

Во однос на нејзината ефикасност, тој рече дека “не е познато колку долго вакцината ќе нè штити, но она што го знаеме е дека ќе не заштити барем онолку колку што е покажано за време на клиничкото испитување, прецизираше Хозе Лопез