На Хрватскиот Претседател Зоран Милановиќ му пукна филмот: “Луѓето ќе полудат од короната. Да го прифатиме тоа како кариес, а не како сериозна болест”

Тој додаде дека состојбата полека ментално излегува од контрола.

На отворањето на 71-от летен фестивал во Дубровник, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, зборуваше за ширењето на инфекцијата со вирусот корона во Хрватска. Тој рече дека ќе мора да научиме да живееме со вирусот, но и дека сите се под стрес заради голема количина на неразбирливи информации.

Малку, особено гледајќи некои американски и западни канали, мислам дека состојбата е ментално излезена надвор од контрола и дека луѓето ќе полудат на крајот, со оглед колку многу се убиваат во психата со информации што не ги разбираат дури и оние што ги пласираат, а камо ли презентерите или публиката, рече Милановиќ, како што објави Слободана Далмација.

Ова веќе стана еден вид мртва трка чие проучување или истражување ќе биде првото што ќе се пласира. Нема смисла. Ќе мора да живееме со ова и колку побрзо ќе го прифатиме како еден вид нормалност, толку подобро. На пример, не како сериозна болест, туку како кариес. Тоа е болест која може да се лечи – рече Милановиќ.


Напишете коментар