Компанијата ВизЕР ќе превезува со посебни летови спортски навивачи од Македонија на Европското првенство идната година.

Тоа е секако добра вест за навивачи од Македонија кои ќе побрзаат да купат билети откако ќе бидат пуштени во слободна продажба, а ВизЕР најави дека ќе има редовни летови во јуни 2021 година.

Дел од летовите за Букурешт и Ајндховен биле веќе резервиран и темпирани според времето на одигрување на натпреварите.

Несомнено дека доколку Ковид19 ситуацијата го дозволува тоа, Македонија нема да биде сама на трибини и ќе го има својот 12-ти играч кој ќе ја бодри за прв пат на едно големо спортско збиднување.