Според специјалистот број еден за заразни болести во САД, д-р Ентони Фаучи, заштитните маски би можеле да станат „сезонска облека“ по пандемијата, пишува „Вашингтон егзаминер“.

Можно е, по година или две или повеќе, за време на одредени сезонски периоди, кога ќе почнат да се шират респираторните вируси како што е грипот, луѓето навистина да можат да изберат да носат маски за да ја намалат веројатноста за заразување со овие респираторни заболувања кои се пренесуваат преку дишните патишта, рече главниот американски експерт за заразни болести.

Оваа година имавме буквално непостоечка сезона на грип само затоа што луѓето ги правеа оние работи од јавното здравство кои беа главно насочени против КОВИД-19, додаде тој.

Тој исто така објасни дека Соединетите држави навистина можат да се движат напред во светот по коронавирусот само ако поголемиот дел од популацијата прими вакцина.