Епископот бачки, Иринеј Буловиќ важи за најголем фаворит да седна на изпразнетиот престол на Српската православна црква. Важи за преставник на тврдото крило на СПЦ кое има голема поткрепа и поддршка од Руската православна црква.

Иринеј Буловиќ е најголем противник на автокефалноста на Македонската православна црква и цени дека е таа дел на СПЦ согласно цариградскиот томос од 1922 година. Тој смета дека СПЦ никако и никогаш не треба да го заборави страдањето на охридскиот архиепископ Јован ( Вранишковски).

Според Буловиќ амбасадорот на Америка, за меѓународни религиозни слободи, Сем Браунбек, по седум или осум средби го убедил украинскиот архиепископ да прифати да биде формирана Православна Црква на Украина. А дека такво нешто се случува и во Македонија.

Со еден збор кажано, Буловиќ ја обвинува Америка за раскол и рушење на православието.

Пред нова година, Иринеј Буловиќ имаше мега интервју за неделникот Печат. Интервјуто го водеше, Милорад Вучелиќ, сопственик на Печат и главен и одговорен уредник на Вечерње Новости. Тој беше еден од најблиските соработници на Слободан Милошевиќ. На почетокот на 90-те години беше шеф на пратеничката група на Милошевиќ во Парламетнот а потоа и директор на Српската радио телевизија. Сега е одличен пријател на Александар Вучиќ со кого еднаш неделно игра шах. Тој е еден од клучните руски играчи во Србија.

Во продолжение ќе презентираме само едно прашање и еден одговор од интервјуто на Иринеј Буловиќ за Печат, кои се однесуваат и се битни да се дефинира нивниот однос кон МПЦ.

ПЕЧАТ: Продолжуваат проблемите на расколот, а со тоа и поврзаното слабеење, присутни на светски план, кои со мешање на странски, а пред се на западните сили, му зададоа историски тежок удар на целото православие. Не е прекинато понатамошното појавување на нови неканонски самостални Цркви, по создавањето на таканаречената Православна црква на Украина. Српската православна црква е исто така загрозена од овие процеси, особено нејзината Охридска архиепископија и Митрополијата црногорско-приморска. Можеме ли да кажеме, кога станува збор за Митрополијата црногорско-приморска, дека споменатата опасност е дефинитивно отстранета денес и дека во таа смисла мирно гледаме кон иднината?

ИРИНЕЈ БУЛОВИЌ: Околностите се такви што нема многу корист од употребата “дипломатскиот јазик“ и еуфемизмите. Секако е поубаво и поелегантно да се користат што е можно посуптилни изрази, но во соочувањето со булдожер дипломатијата, тоа го изгуби своето значење. Следниот пример покажува како ова изгледа во пракса.

Претседателот на Синодот на една од водечките православни цркви, како и мнозинството во нејзината епископија, свештенството, монаштвото и народот, не покажа ентузијазам за одлуките на својата Мајка црква, Цариградската патријаршија, во врска со црковната криза во Украина. Со избрзаните и неканонски мерки не само што не е надминат расколот во Украина туку и дополнително го продлабочија, а во продолжение тоа предизвика и раскол меѓу поедини православни цркви, како и внатре во одредени цркви.

Но, ѓаволот не лаже, по неколку години молчење на еминентниот архиепископ и ерархијата на неговата помесна црква, г-дин Браунбек, американскиот амбасадор кој ја следи состојбата на верските слободи не само на територијата на неговата земја, туку и на сите други меридијани, излегува на сцената. По околу седум или осум негови посети на архиепископот и разговори со него, веројатно на теми од теолошката наука, особено за прашања од областа на канонското право, имаме коперникански пресврт во однос на архиепископот и Синодот околу него. Резултатот? Брзо формално признавање на расколничката структура во Украина како вистинска Црква, без оглед на спротивната перцепција на работите од страна на многу еминентни канонисти и теолози на предметната Црква!

Слични сцени се случувале за време на состаноците на американските официјални лица со водачите и високите претставници на некои други православни цркви. Споменатите службеници, на крајот на краиштата, отворено и јавно, во име на нивната навистина голема и моќна држава, се мешаат во внатрешните религиозни и црковни проблеми на одредени православни цркви, иако ваквите постапки не се во согласност со духот и словото на демократскиот устав на нивната земја. Со овие зборови, не сакам да инсинуирам ништо, ниту да донесувам неосновани заклучоци, ниту да им пружам индулгенција на оние одговорни претставници на Црквата кои, според мое мислење, не ги гледаат сите опасности и искушенија по прашањето за единството на Црквата. Јас само го пренесувам она што го читам, гледам и слушам. Сакам да и служам на вистината колку што можам, sine ira et studio (без лутина и пристрасност).

Што се однесува до статусот на нашата автономна Охридска архиепископија и нашата епархија (или Митрополија) црногорско-приморска, верувам дека тој ќе остане како таков како што е и како што е дефиниран во цариградскиот Томос од 1922 година, што е запечатено со сеправославниот консензус. Цената на единството на нашата помесна Црква е висока и превисока. Не смееме да го заборавиме страдањата и јововското трпење на архиепископот охридски Јован за единството на Црквата или борбата и истото такво тепење на неодамна починатиот митрополит Амфилохије за Српската православна црква и нејзината слобода.