На својот фејсбук профил министерот Венко Филипче го објави тимот што треба да ја изврши првата трансплантација на срце во Република Македонија. Во тимот влегуваат докторите: Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), Жан Митрев (Клиника Жан Митрев) и Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ).
Како што напиша министерот Филипче: „Во моментот се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја. Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор.“
Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи. Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот! – напиша министерот Филипче на својот фејбук профил.