Додека сите соседни држави на Македонија стенкаат под се потешкиот товар на заразени и починати од коронавирусот, воведоа или најавуваат многу построги мерки до ниво на карантин, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција оптимистички изјави дека во Македонија пикот на епидемијата беше минатата недела.

Состојбата со активните случаи на Ковид-19 во државата е стабилна, епидемијата го достигна пикот, а воведувањето полициски час не би придонел ништо во врска на ширењето на вирусот. Оваа се кроки пораките на Филипче на денешната прес конференција.

За разлика од кај нас во Србија и Бугарија состојбата е повеќе од алармантна.

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 22.404 лица, а 7.780 од нив биле позитивни.

Ако бројот на заразени и мртви продолжи да расте, Србија ќе воведе карантин следниот викенд. Владата и кризниот штаб потврдија дека оваа опција сега се разгледува најсериозно. Причината е, пред сè, што ковид деловите во болниците се полни, здравствените работници остануваат без енергија, а вакцините, иако ќе пристигнат релативно брзо, нема да бидат во масовна употреба пред пролетта.

Бројките се такви што е целосно јасно дека кризниот штаб и Владата на Србија немаат многу опции на располагање. Денес починаа 57 лица, што е најголема бројка досега.

За последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 3568 нови заразени со коронавирус, излечени се 2255 лица и има 162 жртви на вирусот, покажуваат податоците на релевантните институции. Извршени се 9093 PCR тестови.

Бројот на активни случаи расте, тие веќе пораснаа на големи 88.224 лица. Од таа бројка 6655 пациенти се хоспитализирани, а 430 лица се сместени во одделенијата за интензивна нега.

Вкупно 5496 лица кои работат во болниците се заразиле во Бугарија од почетокот на пандемијата.

Доцна вечерва во 23 часот и 30 минути во Бугарија стапија на сила построги ограничувања, насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот. Мерките ќе важат до 21 декември, а има ветување од министерот Костадин Ангелов дека тие можат да бидат ублажени околу Божиќ ако населението совесно се однесува.

Учениците, студентите и децата од градинките и јаслитете остануваат дома. Шопинг центрите и моловите ќе бидат затворени.

Остануваат отворени продавниците за храна, аптеките, оптичарите, продавниците за миленичиња, банките, осигурителните компании, давателите на услуги за плаќање, канцелариите на телекомуникациските оператори и другите даватели на услуги за комуникација.