Шестмина палестински затвореници избегаа од еден од израелските најстроги затвори.

Тие поминаа низ премин што го најдоа под мијалникот во ќелијата. Во тек е потрага по бегалците.

Шест затвореници, меѓу кои и членови на организацијата Исламски џихад, делеле ќелија во затворот Гилбоа, пишува Гардијан.

Иако првично се мислеше дека ископале тунел, комесарот на израелската затворска служба, Кети Пери, рече дека бегалците ја искористиле грешката во структурата на затворот и откриле празнина под подот.

Според нашето прво истражување, се чини дека немало копање, туку плочата што ја покривала дупката само била подигната, рече Пери.

Омер Барлев, израелскиот министер за јавна безбедност, рече дека затворениците можеби веќе пристигнале на Западниот Брег, откако бегството беше откриено во понеделникот наутро во три часот.

Планирањето беше многу прецизно, многу детално, така што најверојатно имаше помош однадвор. Во моментов го истражуваме тоа. Ќе ги фатиме бегалцит, рече Барлев.

Фотографиите објавени по бегството покажуваат тесен премин во подот под мијалникот, а бегалците преку тој премин стигнале до дренажниот систем на затворот.

Службениците ги укинаа блокадите и патролираат во затворскиот простор. Останатите 400 затвореници беа преместени за да спречат понатамошни обиди за бегство.